Турски „Фантоми“ во зоната на летови над Атина

Осум авиони ловци „Ф-16“ на турските военовоздушни сили денеска навлегоа во зоната за летови над Атина, јужно од грчкиот остров Иос, се наведува во соопштението на Генералштабот на националната одбрана на Грција. Како што пренесува АНА - МПА, турските авиони биле пресретнати согласно меѓународните правила за воздушно пловење.