Протести и штрајкови во Франција

За денеска во Франција се планирани улични протести и штрајкови на работниците во речиси сите сектори на стопанството. Синдикатите се обидуваат да ја запрат владината реформа за подигање на старостната граница за пензија за две години со цел да се заштедат пари.