Хилари Клинтон во Сараево

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон синоќа допатува во Сараево во рамките на турнејата во земјите од регионот. Таа денеска во Сараево ќе присуствува на церемонијата на отворање на нова зграда на амбасадата на САД, ќе разговара со членовите на претседателството на БиХ и со претставниците на Меѓународната заедница. Американски официјални претставници претходно најавија дека Клинтон на средбите со политичките лидери на БиХ уште еднаш ќе ја нагласи подготвеноста на САД да помогнат во евроатланската интеграција на земјата, но потсети и на обврските кои БиХ мора сама да ги исполни. Посетата на Клоинтон е проследена со големи мерки на безбедност. Попладне Клинтон од Сараево патува за Белград.