Времето ќе биде променливо со повремен дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува и слаб до умерен ветер, главно од јужен правец. Температурата ќе се движи од седум до 18 степени, а во утринските часови се очекува да се спушти неколку степени под нулата.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 16 степени.