Награда „Д-р Ерхард Бусек“ за новинарот на РСЕ Омер Карабег

Новинарот Омер Карабег од балканскиот сервис на Радио Слободна Европа е годинешниот добитник на наградата „Д-р Ерхард Бусек“ за допринос во подоброто разбирање во Југоисточна Европа, соопшти Медиумската организација на Југоисточна Европа, СЕЕМО.
Наградата ќе му биде врачена во Виена на 15 октомври.