Потона брод во Црно Море

Украинските власти соопштуваат дека тројца морнари се уште се водат како исчезанати, откако во Црното Море потона брод со руско-украински екипаж, кој превезувал старо железо. Деветмина морнари се спасени.
Се уште не се познати причините за потонувањето на бродот Василиј кој пловеше под монголско знаме.
Бродот потона во Керченскиот проток кој ги поврзува Црното и Азовското Море.