Еврото денеска над 1,4 долари

Вредноста на еврото денеска продолжи да расте во однос на доларот и накусо тој се разменуваше за долар и четириесет центи по извештаите за лошата состојба на вработеноста во Соединетите држави и неуспехот на министрите за финансии во текот на викендот да ги надминат тензиите на пазарот со валути. Доларот исто така ослабе и спрема јапонската валута и се менуваше за 82 јена.