Земјотрес во источно Косово

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди рано изутрината реонот на градот Гњилане во источниот дел на Косово. Земјотресот бил почувствуван и во Врање, Прешево, Бујановац и Скопје. Нема информации за настрадани лица и причинета материјална штета.