Шварценегер во Русија

Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер денеска престојува во Москва со цел поддршка на напорите на претседателот Дмитриј Медведев за развивање на таканречена хај-тек индустрија во Русија. Имено, Медведев има намера да формира центар за висока технологија сличен на Силиконската Долина во Калифорнија. Патувањето на Шварценегер доаѓа по посета на Медведев на Калифорнија во јуни годинава.