150 милиони евра од Светска банка за Македонија

Со најмалку 150 милиони евра, Светска банка ќе поддржува проекти од областа на енергетиката во Македонија. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по средбата со потпретседателот на СБ за Источна Европа и Централна Азија Филип Леру и со директорката за Македонија Џејн Армитаџ во Вашингтон. Меѓу споменатите проекти е далекуводот Штип-Ниш, а за следниот период се очекува да се подготви и проектот за изградба на хидроцентралата Луково Поле.