Националистички собир во Украина

Стотици луѓе се собраа во градот Л’вов во западна Украина да ја прослават 68-годишнината од формирањето на Украинската востаничка армија, која во Втората светска војна се бореше против Советскиот Сојуз.
Историјата на Украинската востаничка армија предизвикува контроверии во земјата. За едни тие биле про-нацистички криминалци, додека другите ги сметаат за херои на нацијата.
Во Втората светска војна, Армијата имала и до 40 илјади борци. На почетокот тие ја поздравиле нацистичката инвазија на Украина зашто нацистите ги ослободиле од комунизмот, но потоа се свртеле и против Германија.