ОМ одржа централно собрание во Битола

Партијата Обединети за Македонија го одржа своето трето централно собрание во Центарот за култура во Битола. Главна тема на собирот беше организацијата на претстојниот, како што го нарекуваат бунт, закажан за 7 ноември во Скопје.
Претседателот на партијата Љубе Бошкоски го критикуваше лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Ние сме единствената сила во Македонија што може да го дигне народот на бунт против т.н. демократско едноумие“, рече Бошкоски пред најавениот антивладин протест во Скопје.