Ослободени осомничени за убиство на британски војници во Ирак

Багдадскиот суд денеска ослободи од обвиненијата двајца Ирачани, кои беа обвинети дека за време на масовни немири убиле шестмина британски војници. Ирачаните се ослободени затоа што немало директни сведоци на убиствата.
Убиствата се случиле во јуни 2003 година кога голема група Ирачани упаднала во полициска станица каде што се засолниле припадници на Британската кралска воена полиција и убила 6 војници. За нападот беа осомничени 8 Ирачани, но сите се ослободени.