Напад со беспилотно летало во Пакистан

Најмалку 7 милитанти загинаа во напад со американско беспилотно летало во северозападен Пакистан. Пакистанските талибанци утрово се заканија дека ќе продолжат да ги напаѓаат американските камиони што носат набавки за Авганистан, ако продолжат нападите со беспилотни летала во пограничниот регион.