Опозициски протест во Москва

Околу 1500 подржувачи на опозицијата излегоа на демонстрации во Москва. Протестот под мотото „За Русија без своеволно владеење и корупција“, беше предводен од поранешниот министер Борис Немцов и од поранешниот премиер Михаил Касјанов.
Протестот беше пријавен во полиција и немаше апсење, за разлика од претходните ненајавени протести што беа брзо растурани од полициските сили.