Пакистан ќе го отвори преминот, битен за НАТО, кон Авганистан

Пакистан соопшти дека итно ќе го отвори граничниот премин кон Авганистан, клучен за снабдувањето на НАТО-силите.
Пакистан го затвори преминот во знак на протест, откако во воздушен напад на НАТО загинаа двајца пакистански војници.