4-ца италијански војници загинаа во Авганистан

4-ца италијански војници загинале, а еден бил тешко ранет во Авганистан кога нивното возило налетало на мина на патот во провинцијата Фарах. Ова го соопшти портпарол на италијанското министерство за одбрана во Рим. Претходно, НАТО во Кабул соопшти дека 4-ца војници загинале во западниот дел на Авганистан, но не беа објавени повеќе детали.