Слаб напредок во преговорите за климатските промени

Американскиот претставник на преговорите во Кина за климатските промени, Џонатан Першинг, изјави дека бил постигнат многу мал прогрес. Тој изрази разочараност од одбивањето на Кина и на другите земји во развој да дозволат мониторинг од Обединетите Нации и верификација на нивните обврски за намалување на емисијата на штетни гасови, кои се сметаат за главна причина за глобалното затоплување. Киескиот преговарач ги отфрли ваквите критики, истакнувајки дека се обид за свртување на вниманието од фактот што Соединетите Држави не сакаат да се обврзат на поголемо намалување на емисијата на штетни гасови. Во наредниот месец, во Мексико ќе се одржи самит за климатските промени.