Во Пакистан повторно запалени камиони за НАТО

Група милитанти во Пакистан повторно запалиле 30-тина паркирани камиони со гориво, наменето за НАТО силите во Авганистан. Во денешниот инцидент бил повреден еден стражар. Ова е 6-ти напад во последнава недела врз камиони за снабдување на НАТО.