Еврокомесарот Филе во БиХ

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе синоќа допатува во Босна и Херцеговина каде што ќе има одвоени разговори со лидерите на политичките партии во Федерацијата на БиХ и во Република Српска, како и со членовите на босанското претседателство. Пред посетата, еврокомесарот Филе изјави дека е крајно време Босна и Херцеговина да ги почне клучните реформи кои се потребни за, како што рече, нејзино добро и за нејзините амбиции да стане земја кандидат за Европската унија.