Почина Љупчо Јордановски

Поранешениот претседател на Собранието на Македонија, Љупчо Јордановски вчеравечер ненадејно почина. Во негова чест Собранието денеска ќе одржи комеморативна седница, а од името на сите пратеници сегашниот претседател Трајко Вељановски упати соочуство до членовите на неговото семејство. Јордановски беше и пратеник и амбасадор во САД на Македонија., а од 2007 година беше лидер на Партијата на слободни демократи.