Франција - Забраната за бурките не е противуставна

Францускиот Уставен совет одлучи дека новиот закон со кој се забранува покривањето на целото тело на јавни места не е во спротивност со Уставот. Највисокото тело за толкување на Уставот, сепак, одлучи дека забраната не може да важи за јавни места на кои се одвива религиозна церемонија.
Со законот најмногу се погодени муслиманките кои нема да смеат да носат бурка. Законот треба да стапи во сила за околу половина година. Во Франција живее најголамата муслиманска заедница во Европа. Се проценува дека 10 отсто од жителите на Франција се муслимани. Околу 2000 жени во Франција носат бурка.