Србија го критикува Брамерц

Српскиот министер за труд и социјална политика, Расим Љајиќ, кој е задолжен за координација на соработката на Србија со Хашкиот трибунал, упати критика до главниот обвинител на Судот Серж Брамерц, поради тоа што врши политички притисок за апсење на поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ.
Брамерц вчера пред холандскиот Парламент изјави дека притисокот врз Србија и условувањето остануваат клучни инструменти за апсење на преостанатите лица по кои трага Хашкиот трибунал, меѓу кои е и Младиќ.
Љајиќ истакна дека коментарот на Брамерц претставува непотребен политички притисок врз Србија.