Македонски јазик по желба на родителите

Изучувањето на македонскиот јазик ќе почне во првиот период од образованието, а родителите ќе може да изберат од кое одделение ќе започне тоа, односно од прво, второ или од трето одделение.
Ова го предвидува Стратегијата за интегрирано образование усвоена на последната седница на Владата, која денеска ја промовираа вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми и министерот за образование и наука Никола Тодоров.