Таџикистан - Не е точно дека загинале 28 специјалци

Таџикистанската Национална гарда ги демантира наводите за триесетина жртви во хелихоптерска несреќа во земјата. Гардата вели дека во несреќата, предизвикана од технички проблеми, загинале 4 членови на екипажот и тројца техничари кои починале во болница поради повреди здобиени во несреќата.
Медиумите претходно објавија дека загинале 28 луѓе, од кои најголем дел припадници на специјалните антитерористички сили.