Наумовски - Грција да биде локомотива, а не рампа кон ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски изјави дека Грција и другите држави од ЕУ не треба да го ставаат во заложништво процесот на проширување.

„Не би сакале да веруваме дека целокупниот процес на проширување ќе биде заложник на неевропското однесување на една држава членка“, вели тој.

Наумовски смета дека Грција треба да понесе дополнителна одговорност и да биде локомотива која ќе ги влече останатите држави од Западен Балкан кон полноправното членство во Унијата.

„За жал денеска Грција наместо да ја симболизира таа локомотива ја симболизира рампата и го попречува проширувањето на ЕУ кон државите од Западниот Балкан“, вели Наумовски.