НАТО силите убиле 10-тина талибанци во акции во Авганистан

НАТО соопшти дека еден талибански лидер и 7-мина негови соработници биле убиени при воздушен напад и копнени операции во северен Авганистан. Убиените талибанци биле одговорни за неодамнешниот напад врз полициска станица во соседната провинција Кундуз, кога загинаа 10-мина авганистански полицајци. Во друга акција, НАТО силите ги убиле талибанскиот гувернер во сенка на провинцијата Бадгис и уште еден негов соработник.