Кина со економски раст од 10,5%

Меѓународниот Монетарен Фонд соопшти дека Кина годинава ќе има економски раст од 10,5 насто, а по неа следува Бразил со 7,5 насто. Според истите проценки растот на американската економија ќе изнесува 2,6 насто, додека во земјите од евро-зоната 1,7 насто. ММФ проценува дека во светот годинава ќе останат без работа дополнителни 210 милиони луѓе.