Најмоќна жена во светот - Мишел Обама

Според магазинот Форбс, најмоќна жена во светот е Мишел Обама, сопругата на американскиот претседател. На второто и третото место се извршната директорка на Крафт Фудс, Ирене Розенфилд и медијската ѕвезда Опра Винфри. На четврто и петто место се германската канцеларка Ангела Меркел и американската државна секретарка Хилари Клинтон. Инаку, 8 од првите 10 најмоќни жени во светот се американки.