ЕУ побара Кина да ја зголеми вредноста на јуанот

Европската унија на крајот на дводневниот самит ЕУ -Кина, побара од кинескиот премиер Вен Џиабао да ја зголеми вредноста на јуанот. Во заедничката декларација на претседателот на Унијата Ван Ромпеј и на претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо се наведува дека тие укажале дека се неопходни структурни промени, за да се постигне биланс на глобалниот раст и да се намали глобалниот дисбаланс, алудирајки притоа на загриженоста што ја предизвикува ефтиниот кинески извоз. Кинескиот премиер ги одфрли критиките на ЕУ и објасни дека падот на јуанот ќе доведе до тоа многу кинески компании да банкротираат, вработените да останат без работа а тоа би предизвикало социјални немири. Претседателот на ЕУ Херман ван Ромпеј ја повика Кина да направи напредок и во однос на човековите права пред се да го ратификува документот на ОН кој се однесува на тоа прашање .