Русија 4 години трага по убиецот на Политковскаја

Руските истражни органи соопштуваат дека ќе ја прошират истрагата за убиството на новинарка Ана Политковскаја до февруари, затоа што се појавиле некои знаци за видлив напредок во истрагата . Ваквата изјава од Канцеларијата на државниот обвинител дојде во пресрет
на четвртата годишнина од убиството на новинарарката. Политковскаја, која остро ја критикуваше политката на Владимир Путин во Чеченија, беше застрелана во Москва во 2006 година. Нејзините поддржувачи денеска ќе одржат собир во нејзина чест во центарот на Москва.