САД му се извини на Пакистан за воздушните напади

Американската амбасадорка во Пакистан се извнини за неодамнешниот воздушен напад во близина на границата со Авганистан во кој беа убиени најмалку двајца пакистански војници. Амбасадорката Ане Патерсон рече дека американските хелихоптери по грешка мислеле дека пакистанските војници се исламистички милитанти. Во знак на протест против убиството на нивните војници, Пакистан затвори граничен премин кон Авганистан кој е клучен за снабдувањето на НАТО-силите.