Ердоган - Кризата во Грција е поради големите трошоци за оружје

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган смета дека кризата во Грција се должи на прекумерно големите трошоци за вооружување на земјата, направени од неа поради „лажни непријатели“.- Оружјето ја уништи Грција, изјави Ердоган.
Тој смета дека „цената на измислените непријатели е голема“, додавајќи дека „Турција нема да ја направи истата грешка“.