ЕУ загрижена за хемиската катастрофа во Унгарија

Европската унија е загрижена дека отровниот отпад што се излеа во Унгарија може да ги загрози и другите држави. Унијата се понуди да помогне ако катастрофата земе поголеми размери.
Околу еден милион кубни метри црвена отровна кал се излеа вчера од фабрика за алуминуим во Унгарија. Четворица луѓе загинаа, 120 се повредени, а шестмина се уште се водат како исчезнати во несреќата. Постојат стравувања дека отпадот може да ја загади реката Дунав и преку неа да ги загади Хрватска, Србија, Бугарија, Романија и Украина, пред да се влее во Црно Море.