Доделена Нобеловата награда за хемија

Американскиот научник Ричард Хек и јапонските научници Еичи Негиши и Акира Сузуки се годинешните добитници на нобеловата награда за хемија. Тие се наградени за развивање на нов хемиски метод за поврзување на јаглеродните атоми. Нивното откритие има голема примена во фармацијата и електрониката.