Баросо - Европско - Кинеските економски односи клучни за светот

Денеска во Брисел започна самитот Европска Унија - Кина. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека европско – кинеските економски односи се клучни за развојот во светот. Се очекува европските лидери да го зголемат притисокот врз кинескиот премиер Вен Џиабао да дозволи побрз раст на вредноста на јуанот. Европските и американските лидери ги критикуваат Кинезите дека го држат јуанот потценет за нивниот извоз да биде поевтин.