Брамерц и Филе за Србија пред холандски пратеници

Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Серж Брамерц и европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска ќе го известат комитетот за надворешни работи на холандскиот парламент за соработката на Србија со судот и за перспективите на приближувањето на земјата кон ЕУ. Од оценката на Брамерц и на Филе ќе зависи ставот на Холандија, која натамошната интеграција на Србија ја условува со апсење на преостанатите обвинети за воени злосторства, особено на Ратко Младиќ, кој е обвинет за геноцид во Сребреница.