САД ќе ги примат ослободените кубански дисиденти

Американските власти соопштија дека Вашингтон ќе им дозволи на најголем дел од 38 кубански дисиденти да се доселат во САД. Тие неодамна беа ослободени од затвор во Куба.
Владата во Хавана вети дека до ноември ќе пушти од затвор 52 опозициски активисти кои беа уапсени во 2003 година.