Турција ќе лансира шпионски сателит до 2012

Турција планира да го лансира својот прв разузнавачки сателит во вселената во 2012 година, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Сателитот ќе чини 250 милиони евра и ќе може да следи објекти помали од еден квадратен метар. Ќе се користи за следење на трговијата со дрога, како и на нелегалниот пренос на лица преку турска територија.
Сателитот ќе ја намали зависноста на Турција од американските разузнавачи и во операциите против Курдска работничка партија.