Доживотен затвор за бомбашот од Тајмс Сквер

Американскиот суд пресуди доживотен затвор за Американецот со пакистанско потекло кој се обиде да изврши напад со автомобил бомба на Тајм Сквер во Њујорк. Фаисал Шахзад призна дека се обидел да го детонира експлозивот на 1 мај годинава во центарот на Њујорк. Пакистанските Талибанци му дале 15 илјади долари за нападот. На почетокот на годинава, веднаш откако добил американско државјанство, тој бил на петдневна обука за ракување со експлозив во Пакистан.