Претседателот Иванов во посета на Италија

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска престојува во работна посета на Италија. Тој во Рим ќе се сретне со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано со кого ќе разговара за соработката меѓу двете земји. Посебен акцент во разговорите, како што е најавено, ќе биде ставен врз можностите за зајакнување на економската соработка и врз евроатлантските аспирации на Македонија.
Претседателот Иванов во Рим ќе се се сретне и со претседателот на италијанскиот Сенат Ренато Скифани.