Коњановски: американска поддршка за влез во НАТО

,,За Соединетите држави нема дилеми: ја почитуваат и ја ценат Македонија и и даваат силна поддршка за влез во НАТО,, изјавил министерот за одбрана Зоран Коњановски по синоќешната средба во Вашингтон со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс. Според Коњановски, немало дополнителни забелешки во однос на членството на Македонија во НАТО, но оти останува прашањето за спорот со името со Грција. На средбата со секретарот за одбрана Гејтс, на која присуствуваа и началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски и началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД адмирал Мајкл Мулен, станало збор и за соработката меѓу двете земји и за актуелната состојба во Авганистан. Коњановски се сретна и со сенаторот Џон Меккејн кој искажал голема благодарност до Македонија за активностите што ги реазлизира заедно со САД и со другите членки на НАТО во Авганистан.