Јосиповиќ: корупцијата го „разјала“ хрватското општество

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека корупцијата „целосно го разјала “ хрватското општество и оти борбата против неа е клучна за зачленување на земјата во Европската Унија. Јосиповиќ во својот говор пред студентите- правници истакнал дека очекува поранешниот премиер Иво Санадер да сведочи пред истражната комисија за случајот со приватизацијата на нафтената компанија ИНА.