Јапонија и Кина почнуваат разговори за подобрување на односите

Јапонскиот Премиер Наото Кан и неговиот кинески колега Вен Џиабао се сретнаа за прв пат по спорниот морски судар минатиот месец. Средбата беше одржана на маргините на азиско- европскиот самит во Брисел. По средбата двајцата премиери соопштија дека се договориле двете земји да започнат разговори на високо ниво. Односите меѓу овие земји се нарушија откако јапонската крајбрежна стража уапси капетан на кинески рибарски брод кој се судри со два јапонски патролни бродови.