Казахтанско-кинески проблем за водата

Казахтанските власти денеска реагираа дека резервоарот што се гради во западниот дел на провинцијата Ксинџијанг во Кина може да му наштети на Балхашкото Езеро во Казахстан. Тие велат дека резервоарот ќе одзема многу вода од реката Иртиш што се влева во езерото и со тоа дополнително ќе се намали неговото ниво.
Во последните 40 години, количеството вода во езерото е речиси преполовено.