Лужков ќе формира политичко движење за демократија

Сменетиот градоначалник на Москва, Јури Лужков изјави дека планира да формира политичко движење за развој на демократијата во Русија. Во интервју за еден опозиционен магазин, Лужков изјави дека не планира да се жали на суд поради одлуката на претседателот Медведев за негово разрешување, бидејки смета дека судот нема да биде објективен. Лужков, кој беше 18 години градоначалник на Москва ги отфрли обвинувањата за корупција.