Првични резултати од изборите во БиХ

Во БиХ во трката за состав на тричленото претседателство победил Бакир Изетбеговиќ од Партијата за Демократска акција и син на поранешниот босански претседател Алија Изетбеговиќ, како кандидат за бошњачки член на претседателството- јавија агенциите, повикувајќи се на првичните резултати. Тој освоил 34 проценти на вчерашното гласање за функцијата на која досега беше Харис Силајџиќ. Резултатите покажуваат дека на изборите повторно најмногу гласови освоиле актуелниот хрватски член на колективното претседателство Жељко Комшиќ од Социјал демократската партија, како и Србинот Небојша Радмановиќ. Вчера беа избирани и членови на парламентите на БиХ и на двата ентитета, како и претседател на Република Српска.