Форин офис - Франција и Германија во опасност од тероризам

Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги предупреди Британците што патуваат во Франција и во Германија дека таму има зголемена опасност од терористички акции. Германската влада соопшти дека нема конкретни индикации за напад. Претходно, американската администрација издаде предупредување до американските граѓани што патуваат во Европа да бидат внимателни поради можни терористички напади.