Авганистан против агенциите за обезбедување

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека распуштило осум приватни фирми за обезбедување и запенило стотици парчиња оружје. Владата се труди да преземе целосна одговорност за безбедноста. Според плановите, меѓународните сили ќе им ја препуштат одговорноста за безбедноста на авганистанските власти во 2014 година.
Владата се сомнева дека агенциите за обезбедување, кои вработуваат околу 40 илјади луѓе, често работат спротивно на законот. Половина од 50 регистрирани агенции за обезбедување во Авганистан се странски.
Меѓу затворените агенции е и компанијата ХЕ, која порано се викаше Блеквотер. Фирмата беше обвинета за убиство на ирачки цивили во 2007 година.