20 години од обединувањето на Германија

Германците денеска ја слават 20-годишнината од обединувањето на земјата. На 3 октомври 1990 година двата дела на Германија се обединија, откако четири децении беа поделени на источен дел контролиран од Советскиот сојуз и западен дел кој беше дел од НАТО. Двете Германии се обединија нецела година по падот на Берлинскиот ѕид кој го означи и падот на комунизмот.
Американскиот претседател Барак Обама оцени дека обединувањето на Германија е „историско достигнување“.